Search

Шалке го обезбеди опстанокот во Бундеслигата

Седумкратниот германски фудбалски шампион Шалке ја одигра една од најлошите сезони во Бундеслигата. На „сино-белите” од Гелзенкирхен до финишот на сезоната им беше загрозен прволигашкиот статус, но по денешниот бод со Аугсбург го обезбедија опстанокот.

Шалке попладнево во Гелзенкирхен одигра без голови 0:0 во натпреварот од 32 коло на Бундеслигата.

На две кола пред крајот на првенството, Шалке се наоѓа на 15. место на табелата со 31 бод.

Аугсбург со 32 бода е на 13. место.

Треба да знаете
Последни објави