Барселона може да го договори Лаказет наместо Гризман

Напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет се најде во сферата на интересите на Барселона. Според„Ел Мундо Депортиво” 24-годишниот Французин се смета за алтернатива на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, во случај да не успее неговиот трансфер.

Претходно Лаказет беше прогласен од навивачите како најдобар играч на Арсенал оваа сезона.

Тој постигна 18 гола и направи 12 асистенции во 46 натпревари на сите натпреварувања во тековната сезона.

Треба да знаете
Последни објави