Search

Симонс казнет со 20.000 долари поради удар со лакт

Бекот на Филаделфија 76-ерс, Бен Симонс беше казнет со 20 000 долари од Националната кошаркарска асоцијација за ударот со лакт кон Кајл Лари од Торонто за време на натпреварот број 3 од полуфиналната серија во Источната конференција.

Ситуацијата која се разигра на 8:36 минути пред крајот на првото полувреме, не беше забележана од судиите, но не им избега телевизиските камери. Симонс и Лари паднаа на земјата во борбата за топка под кошот на Торонто, при што Лари застана со задникот над главата на Австралиецот. Тој, сепак, не му остана должен и веднаш нанесе удар со лактот на Лари.

По завршувањето на средбата, освоена од Филаделфија, Лари изјави дека добил извинување од противникот уште на полувремето на натпреварот и не сакаше да се извинува за тешкиот пораз со 95:116 по пропуштениот од судиите инцидент.

Четвртиот меч од серијата е во недела во 21:30 часот по македонско време

Треба да знаете
Последни објави