Search

Почетино: Неможе да правиме магии без инвестиции

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, уште еднаш навести дека неговиот тим треба да направи сериозни инвестиции за да се натпреварува со големите тимови во Англија. „Петлите” моментално се на трето место на само два круга до крајот на сезоната на Премиер Лигата.

Лондонскиот тим речиси сигурно ќе игра во Лигата на шампионите ако нема изненадување во последните две натпревари.

Почетино, сепак, призна дека по огромните пари што се фрлени за изградба на нов стадион и тренинг база, сега раководството на клубот треба да се фокусира на самиот тим.

– Мислам дека ќе имаме време да седнеме и да разговараме по крајот на сезоната. Сега сме фокусирани на добро завршување на кампањата. Но, ако ме прашате дали можеме да ја повториме оваа сезона следната година, не би можел да кажам, рече Почетино.

Тој додаде дека по крајот на сезоната ќе треба да се анализира што се случило во последните пет години.

– Проблемот е што сакаме да направиме во следната фаза на развојот на клубот. Сега ја завршивме тренинг-базата, го завршивме стадионот. Она што клубот сака да го постигне во следните, две, три, четири или пет години и што навивачите ќе очекуваат од него. Имам многу работи за да разговарам и да ги ставам на маса, а потоа мора да бидеме реални, рече Аргентинецот.

Треба да знаете
Последни објави