Search

Новиот јапонски цар по првпат му се обрати на народот

Јапонскиот цар Нарухито, првпат од преземањето на престолот, ја поздрави јавноста, изразувајќи надеж дека јапонија и натаму ќе стреми кон мир.

Во костум, заедно со својата сопруга, царицата Масако, од балконот на својата резиденција тој им се заблагодари на луѓето на честитките. Нарухито рече дека е длабоко благодарен и задоволен од прередената свеченост.

– Ви посакувам здравје и среќа и искрено се надевам дека нашата земја ќе продолжи со зачувувањето на светскиот мир, рака под рака со другите земји, и дека и натаму ќе се развива, истакна царот.

На прославата присуствувале повеќе од 140 илјади луѓе.

Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Тој беше прв јапонски император кој абдицирал во последните 200 години.

Треба да знаете
Последни објави