Search

Лавров утре во Москва ќе се сретне со венецуелскиот колега Ареаза

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре во Москва ќе разговара со венецуелскиот колега Хорхе Ареаза, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Состанокот ќе се одржи во пресрет на средбата на Лавров со американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела во Финска, на која една од главните теми ќе биде кризата во Венецуела и различните ставови на Москва и Вашингтон во врска со нејзиното решавање.

Треба да знаете
Последни објави