Search

Израел во паника: Џихадисти се закануваат дека ќе го спречат одржувањето на Евровизија

Организацијата “Палестински исламски џихад” се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Тел Авив од 14 до 18 мај.

“Ние ќе го спречиме непријателот да успее да ја организира секоја манифестација со кој има цел да нанесе штета на палестинската кауза”, се вели во изјавата на екстремистичката организација.

Џихадистите потоа објавија видео на кое се закануваат со ракетни напади врз нуклеарната централа во Димон и врз други чувствителни локации во Израел, вклучувајќи го и аеродромот „Бен Гурион“, пристаништето Ашдод и рафинериите во Хаифа, објави весникот „Тајмс оф Израел“.

Треба да знаете
Последни објави