Search

До 17 часот гласале 37,5 отсто од иселениците

До 17 часот, 37,5 отсто од иселениците во дипломатско конзуларните претставништва излегле да го остварат своето право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

До 15 часот, пак, гласале 30,86 отсто од иселениците во дипломатско конзуларните претставништва. Сараево, Брисел и Прага беа градовите со најголем процент на излезност на денешното гласање на дијаспората во вториот круг од претседателските избори.

Според ДИК, во споредба со првиот круг, има поголема излезност во дијаспората. Во сите 32 дипломатско конзуларни претставништва право на глас имаат 1.781 избирач запишан во избирачкиот список.

Треба да знаете
Последни објави