Search

Борусија ја губи трката со Баерн Минхен

Уште еден чекор наназад во борбата за шампионскиот трофеј направи Борусија Дортмунд, откако вечерва одигра само 2:2 на гостувањето кај Вердер во Бремен.

По нерешениот исход Баерн Минхен има четири бода предност пред Борусија и само една победа во последните две кола му е потребна за одбрана на шампионската титула.

А се почна добро за „милионерите” кои во Бремен водеа со 2:0 по првото полувреме. Но, Вердер не се предаваше и во периодот од 70 до 75.минута стигна до 2:2.

Табела во Бундеслигата по 32. кола: Баерн 74 бода (32 натпревара), Борусија Дортмунд 70 (32), Лајпциг 65 (32), Ајнтрахт Франкфурт 54 (31), Борусија Менхенгладбах 52 (32), Волфсбург 52 (32),

Треба да знаете
Последни објави