Јувентус ја засилија одбраната со Ромеро

Талентираниот фудбалер на Џенова Кристијан Ромеро ќе се пресели во Јувентус. Информацијата за трансферот ја потврдил и претседателот на клубот Енрико Прециози.

Италијанските медиуми пишуваат дека трансферот на Ромеро ќе изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра. Џенова добро ќе заработи од продажбата на 21 годишникот бидејќи пред една година за неговите услуги на Белграно му платиле 1,7 милиони евра.

„Преговорите започнаа. Овој трансфер ќе ја наполни клупската каса“, рекол Прециози.

Џенова изминатите две години заработи многу од продажбите на неколку фудбалери, Кшиштоф Пјонтек е продаден во Милан за 40 милиони евра, Пјетро Пелегри во Монако за 22 милиони евра, а 19 милиони Леонардо Паволети е продаден во Наполи.

Треба да знаете
Последни објави