Француската опозиција бара оставка од министерот за внатрешни работи

Француската опозиција бара оставка од министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, откако тој предизвика нова полемика со неговите тврдења, кои се покажаа дека се лажни за наводниот напад од демонстрантите на болницата Питие-Салпетриер на Први мај, јави дописникот на МИА,

Министерот за внатрешни работи го осуди „нападот”, како резултат на упадот на демонстрантите во кругот на болницата Питие-Салпетриер, на 1 Мај. Но сведоштвата, објавени од Ле Монд и Либерасион, како и видео кое е пренесено на Фејсбук, се чини дека се случи спротивното, демонстрантите побарале засолниште од употребата на солзавец од страна на полицијата, резултат на ова вчера беше подигната мерката притвор за 32 лица исто како и истрагата која се водеше против нив по упадот во болницата.

По овие откритија, опозицијата бара министерот за внатрешни работи да поднесе сметка за неговите лажни тврдења.

-Министерот за внатрешни работи мора да престане со долевање масло на огнот и сега мора да ја објасни својата изјава која им противречи на фактите, коментираше на Твитер, претседателот на групата на републиканците во Сенатот Бруно Ретајо

-Ако постои свесна лага, со единствена цел да ја извлака и дисквалификува социјалната мобилизација, министерот за внатрешни работи мора да биде отстранет од функцијата веднаш, смета Беноа Хамон.

Владејачкото мнозинство сепак му даде поддршка на министерот и неговите изјави

Треба да знаете
Последни објави