Search

Три тони експлозивни горива дислоцирани од Новоселски пат

Последните пакувања ракетно гориво и на ракетни реагенси се дислоцирани од складот во Новоселски пат, информираше телевизија Телма.

Опасниот материјал, сопственост на компанијата „Темко“ која е во стечај веќе 15 години, толку време стои во магацини на Макпетрол, од каде беше транспортиран од пиротехничари на АРМ. Последниот транспорт се подготвува за денеска.

Генералниот секретаријат на владата успеа да најде фирма од странство која ќе го изнесе материјалот од Македонија и во странство ќе го рециклира. Фирмата која ќе го преземе товарот ќе плати за негова употреба поради што државта нема да има никакви трошоци за отсранување на ракетното гориво и на хемиските материјали и наместо 2 милиони евра ќе добие дополнителни средства.

Треба да знаете
Последни објави