Search

Серена се враќа за турнирот во Рим

Поранешната бр.1 на светската ВТА листа кај жените, Серена Вилијамс ќе се врати во игра во средината на овој месец за турнирот на земја во Рим. Веста ја соопшти директорот на турнирот, Серџо Палмиери.

Американката, која е четирикратен шампион во Рим, не играла од март, кога се откажа од натпреварот од третиот круг на турнирот во Мајами поради повреда во левото колено.

За последен пат Вилијамс игра на турнирот во италијанската престолнина во 2016 година, кога и го освои.

Во меѓувреме Палмиери објави дека се уште не е јасно дали Швајцарецот Роџер Федерер ќе учествува на турнирот кај мажите, кој ќе се одржи меѓу 13 и 19 мај.

Треба да знаете
Последни објави