Search

Како да го натерате детето да се движи повеќе?

Главен проблем на родителите околу децата денес, е тоа дека тие голем дел од своето слободно време го минуваат пред компјутерите, а поради тоа не се движат, не спортуваат, па сè тоа води кон здравствени проблеми на подолг рок.

Како тоа да се промени? Не може да очекувате детето да го сака спортот, ако вие самите не му дадете пример. Да речеме, запишете се заедно на тенис (со синот), или на јога или гимнастика (доколку имате ќерка). Рекреирајте се и дома заедно со детето.

Тоа треба да претставува, пред сè, забава. Покажете му дека покрај дисциплината, спортот и движењето може и да се извонредно интересни. Организирајте танцувачки маратон дома, скокајте на јаже или одиграјте партија кошарка, а сè тоа зачинето со шеги, досетки, креативност и иновативност.

Кучето е, исто така, огромна мотивација за долги прошетки надвор или до паркот.

Треба да знаете
Последни објави