Search

ИВЗ со апел: Во недела сите да гласаме за ЕУ и НАТО

ИВЗ со апел: Во недела сите да гласаме за ЕУ и НАТО

Ријасетот на исламската верска заедница на Република Северна Македонија, на редовна седница одржана на 30 април, пред вториот круг на претседателските избори 2019, им се обрати на гласачите муслимани повикивајќи ги в недела да гласаат за НАТО и ЕУ.

Во недела, 5 мај, сите муслимански верници треба да излезат масовно и да го искористат своето граѓанско право на глас со кој што ќе придонесат за повеќе права, за правна и демократска држава, за верски и национални права за сите народи што живеат во Северна Македонија, за членство во НАТО и ЕУ, за правецот кој што како верници и како ивз сме го трасирале и сме го подржувале снажно и постојано“ – повикува ИВЗ во своето соопштение.

Оттаму истакнуваат дека гласајќи за европските и американските вредности, сите избирачи се поставуваат на страната на силите кои и посакуваат добро на оваа држава, што ја сакаат слободата и независноста.

„Врската со напредната Европа и со соединтетите американски држави, длабоко сме убедени, ќе обезбедат по убава сегашност и по убава иднина за сите верници, без оглед на која вера припаѓаат. Исламските верници на Северна Македонија, Албанци, Турци, Торбеши, Бошњаци, Роми, Ашкалии, Египќани и сите останати, очекуваат многу од својот иден претседател, очекуваат многу од неговата работа и неговите одлуки. Токму затоа, сосема слободно, како што им доликува, во недела на 5 мај 2019 год. Треба да излезат на гласање, да го остварат своето право и да ја исполнат својата граѓанска и уставна должност“ – се вели во соопштението на ИВЗ.

Треба да знаете
Последни објави