Мигранти плаќале и по 20 илјади евра за да бидат пренесени во Шпанија

Шпанската полиција, со поддршка од „Европол“, уапси 11 членови на криминална мрежа од Бангладеш, која, како што се наведува во соопштението на „Европол“, зела меѓу 14.000 и 20.000 евра од околу 350 мигранти за нелегално да ги пренесе во Шпанија.

Како што додава „Европол“, во текот на операцијата биле запленети над 200 фалсификувани документи и околу 18.000 евра.

Акцијата за апсење се случила во Барселона, каде што полицијата извршила претрес на три куќи и пет згради.

„Европол“ забележува дека овие мигранти биле шверцувани преку дури три континенти.

Треба да знаете
Последни објави