(Видео) Пливачи во Австралија спасени од напад на ајкула, благодарение на дрон

Дрон кој го снимал морето во близина на плажата Бонди, блиску до Сиднеј, снимил ајкула близу до сурфери кои биле во морето.

Ајкулата ловела риби недалеку од самата плажа, а станува збор за голема бела ајкула.

„Дојде од дното како да беше лансирана ракета и удри во нешто што изгледаше како туна“, изјави Џејсон Иглден, кој настанот го снимил со дрон.

Штом ајкулата почнала да им се приближува на пливачите, Иглден ги повикал спасувачите кои ги евакуирале сите пливачи од морето. Сè завршило добро и никој не бил повреден.

Иглден тврди дека со снимање на ајкули спасил повеќе човечки животи во последните неколку години.

Треба да знаете
Последни објави