Трамп: Бруталната репресија над народот во Венецуела мора да престане

Американскиот претседател, Донал Трамп, повика бруталната репресија над народот во Венецуела да прекине, по повикот на опозицискиот лидер Хуан Гваидо за општ штрајк.

„Бруталната репресија над венецуелскиот народ мора да прекине. Луѓето гладуваат, немаат храна, немаат вода, а некогаш Венецуела беше една од најбогатите земји во светот“, рекол Трамп на националниот молитвен собир во Белата куќа.

Повикот на Трамп доаѓа откако рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, се договорија следната недела да се сретнат за да разговараат за ситуацијата во Венецуела откако двете страни се судрија околу начинот на решавање на кризата во оваа држава.

Треба да знаете
Последни објави