Скопјанка го убила сопругот со секира па избегала кај мајка ѝ

Жител на скопското село Драчевица бил убиен од својата сопруга, информираше МВР.

-На 01.05.2019 година во 14.52 часот во СВР Скопје, П.И.(45) од с.Драчевица, скопско, пријавил дека го пронашол неговиот братучед С.И.(54) усмртен со удари од секира. Според пријавеното, тој претходно ја видел Ф.И.(51)- сопруга на С.И., како со секира во рака излегува од куќата на нејзиниот сопруг. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот и во куќата на нејзините родители ја пронашле Ф.И.. Таа била лишена од слобода и задржана во Полициската станица Кисела Вода. По наредба на Јавен обвинител телото на С.И. е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Од Основното јавно обвинителство Скопје е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека извршило кривично дело.

-Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот се наоѓал во дворот на куќата, осомничената ја зела секирата која била оставена во близина и му задала три удари со сечивото, нанесувајќи му повреди кои предизвикале смртен исход кај оштетеното лице.Ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност осомничената да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, велат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави