Скандинавските пилоти седми ден во штрајк

Пилотите на скандинавската авиокомпанија САС веќе седми ден се во штрајк.

САС откажа повеќе од 700 летови денес, објави „Ројтерс“.

„Постои волја за решавање на ситуацијата”, изјави пред новинарите претседателот на синдикатот на норвешките пилоти, Јингве Карлсен, на пат кон канцеларијата на норвешкиот државен посредник, каде што се водат преговори за решавање на спорот.

„Денес сум поголем оптимист отколку што бев вчера”, рече Карлсен, но одби да понуди временска рамка кога би можел штрајкот да биде завршен.

Пилотите бараат повисоки плати и имаат други барања.

Нивните работодавци рекоа дека пилотите побарале 13 отсто зголемување на платите, и покрај , како што велат, високите просечни плати на пилотите кои изнесуваат 93.000 шведски круни (9.754 долари) месечно.

Од почетокот на штрајкот на 26 април, повеќе од 4.000 летови се откажани, односно 380.000 патници не биле превезени со оваа компанија.

Треба да знаете
Последни објави