Седумина повредени во сообраќајка кај Макази

На 01.05.2019 година во 12.30 часот на крстосницата од магистралниот пат Битола-Ресен со регионален пат Макази-Маркова Нога, кај место викано Макази, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(62) од Битола, а сопатници биле Љ.М.(59) и едно лице на возраст од 16 години од Битола и патничко возило „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(25) од с.Радолишта, струшко, а сопатници биле  Г.М.(21), А.М.(39) и едно лице на возраст од 17 години сите од с.Мислодежда-струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Љ.М. и 17 годишната сопатничка, додека останатите лица се здобиле со телесни повреди. На сите им била укажана помош во Клиничката болница во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави