Најмалку 376 загинати и над 1,800 ранети во борбите крај Триполи минатиот месец

Најмалку 376 лица биле убиени во борбите во близина на либискиот главен град Триполи минатиот месец, соопшти Светската здравствена организација.

Бројот на повредените за истиот период е 1822.

СЗО повика на итен прекин на огнот во Либија.

На 4 април командант на милитантната група Либиска национална армија, Калифа Хафтар им нареди на неговите борци да започнат офанзива за освојување на Триполи, каде е базирано меѓународно признатата Влада на национално единство, предводена од неговиот ривал Фајез Сараџ.

Околу 42.000 луѓе избегаа од областа од почетокот на борбите

Треба да знаете
Последни објави