(Видео) Студент херој во Америка скокна врз напаѓачот и спречи уште поголем масакр

Две лица беа убиени, а четворица  повредени во престрелката што се случи вчера на Универзитетот во Северна Каролина во Шарлот.

Двајца студенти се убиени, 19-годишниот Рид Париер и 21-годишниот Рајли Хауел. Според Си-ен-ен, Хауел спречил уште поголем масакр скокнувајќи врз убиецот и, за жал, тоа го плати со својот живот.

Убиецот влетал во училницата во која Хауел и другите 30 ученици ги слушале завршните предавања, а Хауел се стрчал кон него и го турнал на под, што на крајот ѝ помогнало на полицијата да го фати убиецот, чиј идентитет сè уште не е познат.

Нападот се случи на последниот ден од учебната година. Завршните испити почнуваат следната недела, објави „Ројтерс“.

Семејството на убиениот Хауел рече дека тој секогаш се залагал за она во кое верувал и не се двоумел да им помогне на оние на кои им тоа им било потребно.

Во престрелката беа повредени четири ученици на возраст од 19 до 23 години, а еден од нив е од Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави