ЈП„Комунална хигиена“се гордее со Ена

Ена Митревска е вработена во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, а во слободното време се занимава со модерни танци. Како членка на групата танчери со даунов синдром и дел од македонската пара-денс репрезентација, минатата година таа го освои и првото место на Светското првенство во модерни танци во Полска.

Ена учествуваше и во масовната акција за чистење диви депонии што „ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ја организираше на 24 април 2019, под мотото „Биди дел од чиста иднина“. Во друштво на директорот Абдусамед Шабани, таа ги чистеше неправилно исфрлените отпадоци во општината Центар и ни раскажа дека овој месец повторно ќе се натпреварува на Светскиот куп за танц што ќе се одржи во Римини, Италија.

„На Ена Митревска ú посакуваме успешен настап и добар пласман на претстојниот натпревар. Сакаме да знае дека ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се гордее со неа, а раководството на Претпријатието

секогаш ќе се залага за целосна инклузија и ќе ги поддржува лицата со посебни потреби“- изјави директорот Абдусамед Шабани.

Треба да знаете
Последни објави