Трамп побара oд Конгресот уште 4,5 милијарди долари за мигрантите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот дополнителни 4,5 милијарди долари поради ситуацијата на границата со Мексико, каде недостасуваат финансии за нега и сместување на мигрантите од Централна Америка, чиј прилив е зголемен.

Бројот на семејствата кои пристигнуваат на границата е поголем од бројот на поединците, а потребите на семејствата се значително поголеми од потребите на поединците.

Се очекува оваа година на границата меѓу САД и Мексико да пристигнат околу еден милион мигранти, што е најголем број од 2000 година. Граничните станици не се конструирани да им обезбедат сместување на толку голем број луѓе. 

Треба да знаете
Последни објави