Отстранети 150 кубни метри кабаст отпад од диви депонии во Горно Лисиче

Eкипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска спроведоа акција за расчистување диви депонии лоцирани во населбата Горно Лисиче, на граничниот реон меѓу општините Аеродром и Кисела Вода. Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани приближно 150 кубни метри комунален, градежен и кабаст отпад, а активностите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден. При расчистувањето на дивите депонии се употребуваат специјалните комунални возила: втоварувач, кипер, полуприколка и камион.

Треба да знаете
Последни објави