Откриен е противотров за најсмртоносниот отров на светот

Австралиските научници сметаат дека го пронашле противотровот за убод од најотровните суштества на светот, морските оси, медузите, кои се “страв и трепет“ за капачите на Индискиот Океан и Пацификот.

Научниците од Сиднејскиот универзитет, се обидуваа да го сфатат начинот на функционирање на отровот од автралиските морски оси (Chironex fleckeri) кој што може да убие до 60 луѓе и да предизвика ужасна болка.

Само еден убод од моркса оса предизвикува неподнослива болка и некроза на кожата, а доколку количината на отровот е доволно голема, може да предизвика и срцев удар и смрт.

Тимот од научници открил дека на тој отров, потребен му е холестерол за да ги убие човечките ќелии. Затоа тие одлучиле да ги тестираат постоечките лекови за холестерол и да видат дали тие можат да го блокираат отровот.

Се покажало дека еден од тие лекови успева. Тестовите се спроведени на глувци и на човечки ќелии и откриено е дека лекот ја спречува некрозата на кожата и болката, доколку се примени во рок од 15 минути.

„Сè уште не знаеме дали на тој начин ќе можат да се спречат и проблемите со работата на срцето. Треба да продолжиме со истражувањето и да ги побараме средствата и за тоа“ – изјавил еден од научниците.

Морските оси можат да бидат долги и до три метри. Екстремно се опасни, затоа што можат и да пливаат, а не само да се движат кога ги носат водните струи. Научниците се надеваат дека ќе создадат крема или спреј кои ќе можат да ги неутрализираат убодите, а според проценките, секоја година усмртуваат по десеттина луѓе, додека околу илјада завршуваат во болница.

Треба да знаете
Последни објави