Отворен повик за апликанти за младинските лидерски кампови „ГЛОУ” и „ИМЛП”

Младинската асоцијација ИМКА од Битола во партнерство со Мировниот корпус на Македонија го објави повикот за апликанти за младинските лидерски кампови „GLOW” (Girls Leading Our World – Девојките го водат светот) и „YMLP” (Young Man’s Leadership Project – Младинскиот лидерски проект). Повикот се однесува за 160 средношколци од државава.

Кампот „YMLP” ќе се одржи од 14 до 21 јули, а кампот „GLOW” ќе се одржи од 25 јули до први август во Крушево.

Со поддршка од спонзорите ОКТА, Мермерен Комбинат, ТАВ и Кромберг и Шуберт, поголемиот дел од трошоците се покриени и камперите треба да платат само партиципација од 2.000 денари. Трошоците вклучуваат: сместување, три оброци и две ужини дневно, потребни материјали, програмски трошоци и групно осигурување за времетраење на кампот.

Крајниот рок за аплицирање е 10 мај. Повеќе информации за повикот и апликација може да се најдат на следниот линк. 

Треба да знаете
Последни објави