На крводарителска акција во Кривопаланечката гимназија собрани 81 единица крв

 На денешната крводарителска акција што се одржа во средното општинско училиште Ѓорче Петров, Крива Паланка, собрани се вкупно 81 единица крв.
Акцијата ја организира Црвен крст на Република Северна Македонија, општинска организација Крива Паланка, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Скопје.
– Соработката со средното училиште е на високо ниво, впрочем, многу голем процент од постојните крводарители првпат дарувале крв токму во гимназиските денови, со навршување осумнаесет години.
И денес имавме бројни дарители- почетници,
а секако, традиционално драгоцена течност дарија повеќе вработени од гимназијата, професорите, останатиот кадар и граѓани, кои со својот пример ги поттикнуваат и стимулираат младите да бидат хумани, изјави Дарко Пешовски, секретар на општинската на Црвен крст, Крива Паланка.
Ова е четврта акција за дарување крв на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце во 2019 година, каде благодарение на хуманоста на жителите изминатата година годишниот план за крводарувања е реализиран 120 отсто, односно, од планираните 711, собрани беа вкупно 860 крвни единици.
Треба да знаете
Последни објави