Змија со три очи пронајдена на автопат во Австралија

Властите за заштита дивиот свет споделија фотографии од змија со три очи која била пронајдена на автопат во северна Австралија.

Службата за паркови и див свет на Северната територија го опиша како чудно откритието кое беше многу споделувано на социјалните мрежи.

Именувано како Монти Пајтон, бебето питон починало само неколку недели откако било пронајдено во март.

Експертите велат дека третото око на змијата, на врвот на главата, е природна мутација.

Ренџерите ја откриле змијата во близина на градот Хампти Ду, на 40 километри југоисточно од Дарвин.

Рептилот долг 40 сантиметри поради деформитетот имал проблеми во потрагата по храна, соопштиле официјални лица за Би-Би-Си.

Службата за диви животни соопшти дека рентгенските снимки покажале отки змијата немала две глави сраснати заедно.

„Се чини дека се работи за череп со дополнителна вдлапнатина за око, однонсо три функционални очи“, се вели на „Фејсбук“.

Експертот за змии, професор Брајан Фрај, вели дека мутациите се природен дел од еволуцијата.

„Секое бебе има некаква мутација, само ова е грозоморен и голем деформитет“, истакнал професор Фрај од Универзитетот во Квинсленд.

„Предходно не сум видел змија со три очи, но еднаш во нашата лабораторија имавме кобра со две глави. Сепак, тоа е различен вид на мутација каков што се среќава кај сијамските близнаци“, објаснил Фрај.

Треба да знаете
Последни објави