Боатенг: Агентот ми кажа дека ќе играм во Барселона, јас помислив на Еспањол

Фудбалерот на Сасуоло, Кевин-Принс Боатенг, кој игра на позајмица во Барселона, не му поверувал на агентот, кога дознал за можен трансфер кај Меси и компанија, соопштува „Фудбал Твит”.

Боатенг се приклучи на Барселона во јануари 2019 година.

– Кога мојот агент ми кажа дека морам да се подготвам за патување во Барселона, мислев дека е за Еспањол. Но, тој ми рече: „Не, вистинската Барселона”, рече Боатенг.

Во актуелната сезона, 32-годишниот играч од средниот ред одигра 3 натпревари за Барселона, но не направи ништо незаборавно.

Треба да знаете
Последни објави