Јунајтед без Лукаку до крајот на сезоната

 Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната, објави „Тајмс”.

Белгиецот претрпи повреда во коленото на натпреварот против Челзи (1:1) минатиот викенд.

Лукаку пристигна во Манчестер Јунајтед во летото 2017 година.

Оваа сезона, 25-годишниот белгиски репрезентативец има 32 натпревари во Премиер Лигата со 12 гола.

Треба да знаете
Последни објави