Search

Заев од Шуто Оризари: Од Берлин носам вести, ќе има и преговори со ЕУ, освен членството во НАТО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓаните во скопската општина Шуто Оризари повика на масовен одѕив на 5 мај и успешни претседателски избори.

„Пред неколку часа дојдов од Берлин, првин тука ќе ја соопштам веста. Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значи пари, фондови, систем, перспективи. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб. Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве ние веќе стануваме членка на НАТО. Не ни треба нов блокатор. Силјановска би била нов Иванов, да дадеме поддршка за Стево Пендаровски“, повика претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој укажа дека Република Северна Македонија се развива како едно заедничко општество за сите граѓани, од сите етнички заедници, кон НАТО и ЕУ, дека сме на вистинскиот пат како земја, потсети на последиците од режимот, рече дека Силјановска е кандидатка на режимот и сака само амнестија на Груевски, најави пакет-социјални мерки, како што е зголемувањето на социјалната поддршка за социјално загрозените семејства од 2.600 денари на над 12.000 денари и апелира да го сочуваме единството зашто среќа за сите во државава и задржување на младите е можна, само по овој пат со Стево Пендаровски како претседател на државата.

Треба да знаете
Последни објави