Search

Лидерот на ИД се јави по пет години: Ал Багдади најави одмазда за убиствата на неговите борци

Лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, по долго време се појави со нова видео-порака, објави Ројтерс. Ал-Багдади објави снимка во траење од 18 минути, која ИД ја пренесе преку својата медиумска мрежа Ал Фуркан. Најбараниот терорист во светот вели дека групата “ќе се одмазди за убиствата и притворањето на нивните борци”.

Човек со брада, кој изгледа како Ал-Багдади во видеото седи на подот со прекрстени нозе додека ја чита пораката, а околу него се неколку лица чии лица се покриени. На почетокот на снимката се појавува писмена порака дека видеото е снимено на почетокот на април.
Времето и автентичноста на видеото сè уште не може да се потврди, објави Ројтерс. Ако автентичноста на снимката се потврди, тоа ќе биде првата јавна порака на Ал Багдади по видеото по одржувањето на проповед во големата џамија во Мосул во јули 2014 година.

Инаку, на снимката Ал-Багдади се чини дека е прилично подебеи отколку што беше пред речиси пет години, а косата и брадата се видливо побели.

Треба да знаете
Последни објави