Search

Забрана за влез во Македонија на еден од учесниците во инцидентот во Охрид

Пет години забранет влез во Република Северна Македонија и протерување од Македонија доби еден од поставувачите на албанското знаме денеска на ѕидините на Самоиловата тврдина во Охрид, пишува интернет порталот Centar.mk. Судија на претходна постапка на едниот од приведените му одредил глоба и забрана за влез во Република Северна Македонија во следните 5 години.

Како што преходно медиумите информираа, инцидентот се случил утрово кога членови на меѓународно фолколрно друштво од Косово го поставиле знамето, а носеле и помали знамиња, кои според нив, биле дел од играорен перформанс, а целиот материјал планирале да го пласираат во јавноста.

Тие истакнале дека се дојдени како туристи и дека не знаеле дека не е дозволено поставување на национални симболи од туѓа држава на тврдината и дека немале никаква тенденција да провоцираат некого.

 

Треба да знаете
Последни објави