Минимална победа на Вардар над Металург во ракометната Суперлига

Ракометарите на Вардар минимално со 32:31 го победија Металург попладнево во натпревар од 3.коло на Суперлигата.

„Црвено-црните” иако на овој меч одигран во малата сала на СЦ „Јане Сандански”, настапија без неколкумина стандардни првотимци, на крајот ја остварија целта и ги освоија бодовите.

Вардар има максимални три победи, додека Металург има три победи и два пораза. Лидер на табелата е Еурофарм Работник со четири победи и еден пораз. Од четвртото до шестото место се Тинекс Пролет (2-3), Пелистер (1-3) и Бутел (0-4). 

Треба да знаете
Последни објави