Search

Пронајдена нова жртва на кипарскиот сериски убиец, телото спакувано во куфер

Кипарската полиција денеска пронајде нови посмртни останки во рамки на истрагата за серискиот убиец, за кој постојат сомнежи дека убил над 30 жени и девојчиња.

Полицијата во земјата објави дека осомничениот, кој е 35-годишник војник, со жените стапувал во контакт по пат на он-лајн страни за запознавање.

Кипарските медиуми го идентификуваа како Никос Метаксас.

Досега беа пронајдени пет тела, а денеска во еден ковчег во езеро во близина на напуштен рудник, западно од Никозија, било откриено женско тело во распаѓање, известија полициските извори.

„По бројните потешкотии, од езерото успеавме да извлечеме ковчег, во кој пронајдовме тело на жена и цементо“, рече Неофитос Схаилос, раководител на Одделот за криминалистичка истрага. Додаде дека телото е на возрасно лице.

Првите жртви пред две недели беа пронајдени од страна на туристи во рудник.

Се претпоставува дека станува збор за мајка и ќерка од Романија, кои исчезнале пред три години, а последните жртви од Филипините исчезнале лани.

Телата на три жени беа откриени во последните неколку денови. Се работи за жени од Филипините и од Непал, кои исчезнале минатата година.

Полицијата до убиецот дошла следејќи ги пораките на една од жртвите. Земјата е во шок, бидејќи станува збор за прв случај со сериски убиец на Кипар.

Кипарските медиуми пишуваат дека убиецот не изразил никакво жалење.

Треба да знаете
Последни објави