Search

Денвер ја освои серијата против Сан Антонио, Јокиќ со „трипл-дабл”

Никола Јокиќ запиша „трипл-дабл” за победата на Денвер над Сан Антонио со 90:86 во решавачкиот седми меч на првиот круг од НБА плејофот. Нагетс направија предност од 17 поени во третиот дел и успеаја да ја задржат победата до крај.

Јокиќ заврши со 21 поен, 15 скока и 10 асистенции. По стигнувањето дофиналето на Западна конференција во 2009 година, Денвер четири пати беше елиминиран во првото коло од плејофот. Ова беше нивното прво учество во елиминациите по шест сезони.

Денвер ќе биде домаќин на Портланд во вториот плејоф круг, кој започнува во понеделник.

Каваи Ленард постигна 45 поени и 11 скока, Паскал Сикам додаде 29 поени, а Торонто ја победи Филаделфија со 108:95 во првата средба од полуфиналната серија во Источна конференција.

Ленард го повтори својот најдобар резултат постигнат на 1 јануари против Јута. Тој реализира 16 од 22 удари, истакна 3 од 6 обиди од зоната за 3 поени и постигна 10 од 11 од линијата за слободни.

Кајл Лори додаде 9 поени и осум асистенции за победниците. Тобзјас Харис забележа 14 поени и 15 скокови, а Џеј Џеј Редик постигна 17 поени за Филаделфија, чија победничка серија од 4 натпревари беше прекината.

Торонто ја забележа 14-тата по ред победа против Филаделфија и веќе има биланс од 22:3 против овој ривал од почетокот на сезоната 2013-14 година. Никој друг тим нема победено повеќе против Филаделфија во последните пет сезони.

Западната конференција, 1 коло:

Денвер – Сан Антонио 90:86
* Денвер ја освои серијата со 4:3 во победи

Источна конференција, 2 коло:

Торонто – Филаделфија 108:95
* Торонто води во серијата со 1:0 во победи.

Треба да знаете
Последни објави