Search

Братот на Азар го објави договорот со Борусија Дортмунд

Белгискиот репрезентативец Торган Азар потврди дека е блиску до трансфер во Борусија Дортмунд.

– Веќе имам договор со Дортмунд. Зборувавме и се разбравме за моите лични услови. Сега двата клуба треба да се разберат. За тоа е потребно време, но сепак се водат преговори, призна офанзивниот халф на Борусија Менхенгладбах во интервју за „VTM Nieuws”.

Дваесет и шест годишниот брат на Еден Азар е проценет на околу 40 милиони евра. Од Борусија сепак се надеваат дека ќе го договорат за пониска сума, бидејќи наскоро тој влегува во последните 12 месеци од договорот со Гладбах.

Треба да знаете
Последни објави