Search

Трамп: САД го отфрлаат Договорот за глобална трговија со оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД одлучиле да повлечат поддршка за Договорот за глобална трговија со оружје.

Тој договор регулира меѓународна трговија со конвенционално оружје вклучително оружје со мал калибар, тенкови, борбени авиони и бродови.

Трамп изјави дека САД „го отфрлаат тој договор” и дека „повлекуваат свој потпис” од него. Американскиот претседател го нагласи тоа во говор на Националното здружение за оружје кои тврдат дека договорот претставува закана за Вториот амандман на Уставот.

Треба да знаете
Последни објави