Search

Скопјанец поради долг од 5.000 евра киднапиран и чуван во Албанија седум дена

Скопјанецот Доротеј Стојанов поради долг бил киднапиран во Струга, од каде бил однесен во Албанија, но успеал да избега од куќата на киднаперите, раскажува тој за телевизија Сител.
Според него, тој на 19 април тргнал кон Охрид со својата сопатничка, па вечерта седнале во еден струшки ресторан. По пат им се приклучиле двајца мажи, познаници на неговата пријателка за кои подоцна ќе се испостави дека се киднапери. Стојанов раскажува дека потоа под присила бил однесен во Радожда. Таму наредба за негово киднапирање ја дал човекот, на кој тој му должел 5 000 евра.
Стојанов во заложнитво поминал седум дена. Киднаперот од него барал да го врати долгот, но бизнисменот успеал да собере само две илјади евра. Тоа не било доволно да си ја исплати слободата. Ја искористил ноќта за да се извлече од куќата на киднаперот и целиот случај го пријавил во полициска станица во Албанија. Грабнувачот веднаш бил уапсен.
Стојанов случајот денеска го пријави и кај македонските истражни органи. Според него, во грабнувањето се вмешани и лица од Македонија за кои ќе бара одговорност.

Треба да знаете
Последни објави