Search

Атеизмот во Западна Европа се шири со голема брзина

Според теолозите, во Западна Европа последниве неколку години се случува „дехристијанизација“. Како еден од показателите за ваквите процеси го посочуваат фактот дека во последните 2 децении продадени се 500 римокатолички и протестантски цркви. Според податоците, половина од нив биле преиначени во други верски објекти, а другата половина во кафулиња или туристички комплекси.

Откако стивнаа коментарите за пожарот кој сериозно ја оштети Богородичната црква во Париз, меѓу кои беа и такви кои, според аналитичарите, укажуваат на тоа дека Европа суштински се „дехристијанизира“, na платформата „Редит“ се актуелизираше картата на Европа која сведочи за порастот на бројот на атеисти.

Според оваа карта, најголем број на атеисти има во Чешка, дури 72 проценти. Во Норвешка има 62, а во Велика Британија 53%. Половина од Швеѓаните не се верници, а во Франција, 40 проценти од населението го чинат атеисти.

За разлика од Чешка, Словачка со која некогаш беа една земја, има само 12 отсто атеисти. По Чешка, најголем е број на атеисти во однос на земјите од некогашниот источен блок има во Русија – 15 проценти. Полска има седум проценти, а во Србија и Грција има четири проценти граѓани кои не припаѓаат на ниедна религија. Според оваа карта, најмалку атеисти на Балканот има во Црна Гора, Македонија и Романија.

Многумина на резултатите од ова истражување на „Редит“, гледаат и со доза на скеприцизам, но сопред познавачите несомнено е дека атеизмот расте поради кризата на религијата.

Социологот и научен советник во Институтот за политички студии, Зоран Милошевиќ, за „Спутник“ вели дека појавата на атеизмот не е нов, туку недоволно пручуван феномен.

„Едноставно, се истражува религијата и религиозноста, а атеизмот се остава настрана, особено на Балканот, но на пример и во САД и во Русија, каде што тоа темелно се прави. Она што е забележливо во последниве години е значителнтоо зголемување на бројот на официјално регистрирани атеистички организации, пред се во САД, Канада, Западна Европа, Австралија и Русија што укажува на фактот дека станува збор за добро организирано движење“, вели Милошевиќ.

Според него постојат бројни причини за брзото ширење на атеизмот и слабеењето на религиите, особено христијанството. Милошевиќ вели дека во последната деценија римокатолицизмот и протестантизмот, често се поврзуваат со педофилија и голем број на финансиски скандали, кои на некој начин го одвраќаат луѓето од црквата.

Падот на христијанската религија на Запад, тој ја гледа и во материјализмот.

Според Милошевиќ, од Француската револуција, Западот достигнал завидно материјално ниво, кое потоа станало пример и модел за луѓето од целата планета. Сепак, како што укажува тој, материјализмот и духовноста не одат заедно.

„Кога единствена цел на човекот е богатството, тој не размислува за духовниот концепт, туку се врзува за материјални цели кои траат колку што трае и неговиот живот. Тоа доведува до криза на религијата“, истакнува Милошевиќ.

Треба да знаете
Последни објави