Search

Солскјер: Де Хеа останува стартер, Погба нема да си оди

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека нема намера да го замени Давид Де Хеа, иако неговите смешни грешки, кои доведоа до голови во последните натпревари на тимот.

– Дали ќе го менувам Де Хеа? Не, сигурно нема, бидејќи верувам во Давид. За мене тој е најдобар играч кој Јунајтед го имал во последните 6-7 години. Беше неверојатен. Преминувањето низ тешки периоди е дел од кариерата на фудбалерите, па Давид ќе биде добро. Дали тоа се должи на одложувањето на неговиот нов договор? Тоа е нешто со кое треба да се справиш како фудбалер. тоа е нормална ситуација. Давид доаѓа секој ден и го прави она што треба, прокоментира Солскјер на прес-конференцијата пред натпреварот со Челзи.

Тој зборуваше и за другата ѕвезда на тимот со неизвесна иднина – Пол Погба.

– Ништо не може да се гарантира во фудбалот, но да – мислам дека Пол ќе биде тука. Тој сака да жнее успеси со Манчестер Јунајтед. Пофалбите при победа и критиките при пораз? Ова се едноставно стандардите, кои тој ги наметнува. Кога тој создава шанси, бележи голови и дава се од себе, тогаш е добар. Сите гледаат на Пол и се прашуваат дали може тој да се справи подобро, но тој е фантастичен за нас. Тој исто така е човечко суштество и сите ние сме исти. Сакаме да игра добро За нас тој е лидер во соблекувалната и на теренот. Дали можам да гарантирам дека ќе остане овде? Колку што знам, тој ќе биде тука, додаде тој

Треба да знаете
Последни објави