Search

Зидан по ремито со Хетафе: Не сум задоволен од резултатот, повеќе заслуживме да победиме

Хетафе и Реал Мадрид одиграа изедначен натпревар во кој секој од двата тима можеше да победи, но на крајот натпреварот заврши 0:0.

– Штета што не победивме, бидејќи го заслуживме успехот повеќе од противникот, изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Реал го држи третото место на табелата во Шпанија по 34-тото коло на Ла Лига со 65 поени. Лидер е Барселона со 80, а вториот Атлетико Мадрид е со 71.

– Создадовме добри можности за гол, особено во првото полувреме. Не сум задоволен од резултатот, но од играта и концентрацијата во тимот сум среќен, додаде уште Зидан.

Треба да знаете
Последни објави