Search

Стирлинг со предлог: Минус 9 бода за расизам!

Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг понуди опција за борба со расизмот во модерниот фудбал.

Во мар фудбалерите на Англија беа навредувани на расна основа во квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 против Црна Гора (5:1). На 19 април англиските првенства учествуваа во бојкотот на социјалните мрежи во знак на протест против расистичките навреди.

– Излегувањето од теренот не е добро решение. Фудбалерите не треба да страдаат поради тоа. Казните треба да бидат потешки од паричните казни кои не влијаат на богатите клубови и здруженија. Затоа предлагам да се воведе правило, според кое во случај на расизам од страна на навивачите да бидат одземани девет поени. Звучи сурово, но кој фан ќе го преземе ризикот и ќе извика расистички слогани, ако потоа неговиот тим ќе загуби позиции на табелата, вели офанзивниот фудбалер на Сити.

Исто така, според него, клубовите треба да бидат казнети со три натпревари без гледачи.

– Така тие ќе почнат да губат пари поради расизмот, додаде Стирлинг пред „Уан Фудбал”.

Треба да знаете
Последни објави