Search

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе со од Шри Ланка, но загинаа и бројни туристи, деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Шри Ланка вчера беше длабоко потресена од неколку терористички напади за време на прославата на католичкиот Велигден. Терористи нападнаа цркви и хотели во градовите Коломбо, Негомбо и Батикаоли. Како што е соопштено од страна на локалната служба за безбедност, повеќето од загинатите се државјани на Шри Ланка. Владата привремено го ограничи пристапот до социјалните мрежи, со цел да се спречат лажни информации, но засега е познато дека меѓу загинатите има и Британците, Индијци, Данци и Кинези.

Меѓу загинатите е и познатата готвачка од Шри Ланка, Шанта Мајадуне. Таа беше една од првите жртви кои беа идентификувани, а само неколку часа пред експлозијата нејзината ќерка Нисанга објави заедничка фотографија на семејството за време на појадокот во хотел во Коломбо.

И Шанта и Нисанга беа убиени во нападот, соопшти семејството, додавајќи дека  „никакви зборови не можат да ја опишат болката што во моментов ја чувствуваат”.

Во нападот загинаа и трите деца на дански милијардер Андерс Холч Повлсен. Семејството било во Шри Ланка на одмор, потврди портпаролот на компаниите на Повлсен – Bestseller i ASOS.Неколку дена пред нападот, едно од неговите деца објави заедничка фотографија со семејството во Шри Ланка.

Meѓу жртвите се и четворица работници на Cinnamon Grand Hotel, кои работеле како келнери во ресторанот, потврдија од  хотелот. Тие беа идентификувани како Шанта, Сањевани, Ибрахим и Ништар.

Во нападите биле убиени и работници од хотелот Шангри-Ла во Коломбо. Хотелот потврди дека тројца вработени биле тешко повредени во нападот и дека подоцна починале.

Во истиот хотел се убиени и петмина индиски политичари од Бангалор, пишува Би-би-си. Двајца од нив биле идентификувани како К.Г. Ханумантарајапа и М. Рангапа. Тие биле членови на партијата Јаната Дал и во Шри Ланка биле на одмор по неодамнешните избори.

Во нападите загинал и внукот на шеикот Фазлула Карим Селим, политичар од Бангладеш и член на парламентот. Во нападот е повреден и неговиот син. Внукот на Селим исто така бил политичар и бил истакнат член на политичката партија Авами лига.

Меѓу загинатите Индијци е и  Расина (58), која исто така дошла на одмор на Шри Ланка.  Таа живеела во Дубаи, а неколку минути пред нападите се одјавила од хотелот и планирала да оди на аеродром.

Треба да знаете
Последни објави