Search

СДСМ: Николовски блефира и неуспешно се обидува да го оправда бегството на Сиљановска од соочувања со јавноста и медиумите

ВМРО-ДПМНЕ партијата која цела деценија бегаше од јавни соочувања и ТВ дуели, денес блефира и лажно обвинува дека некој бегал од дебати. Не е точно тврдењето на Александар Николовски. Блефот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски се гледа и во тоа што во овој период додека трае кампањата, целиот фокус е ставен на дебатите поврзани со изборите за претседател на државата.

Токму на овие дебати, токму кандидатката на Мицкоски, Гордана Сиљановска е таа што бега од дебати, бега од соочување со јавноста и дискриминира новинари и медиуми. Очаен е обидот на Николовски преку блефирање да ја оправда кандидатката на неговата партија за бегствата од дебати и дискриминација на медиуми.

Треба да знаете
Последни објави