Search

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

Едната од опциите за кои зборуваше Дескоска е претседателот да се избира на непосредни избори, без потребно мнозинство во вториот круг, што значи дека ќе победи оној што ќе добие повеќе гласови. Другата опција, како што посочи миинстерката, е претседателот да се избира во Собранието.

„Тоа се две опции кои се можни и кои постојат во компаративното право“, истакна Дескоска.

Министерката додаде дека Венециската комисија препорачала оти цензусот што постои во Уставот за избор на претседател е нешто што не е соодветно и мора да биде тргнато. Тоа е препорака, вели Дескоска, што се провлекува уште од претходните избори.

„Странските експерти веќе забележале дека има нешто што е нетипично во другите земји што на некој начин некогаш може да претставува опасност за да не може успешно да се спроведат претседателски избори. Менувањето на Уставот со цел да се олесни процесот на избор на претседател е нешто што веќе е препорачано и од ОБСЕ, односно ОДИХР“, рече Дескоска.

Треба да знаете
Последни објави