Search

Салвини предупредува на поголем ризик од терористи на бродови со мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска предупреди дека хаосот во Либија, предизвикан од офанзивата на генералот Калифа Хафтар, го зголемува ризикот од присуство на терористи на мигрантските бродови кои се упатени кон Италија.

– Исламската терористичка инфилтрација повеќе не е закана, таа стана извесност: поради тоа, моја должност е да повторам дека на италијанскиот брег повеќе нема да биде дозволено закотвување на бродови, рече Салвини.

Тој не одговори дали ставот на Италија ќе се смени во случај на општа војна во Либија

Треба да знаете
Последни објави