Урната со посмртните останки на Мира Марковиќ ќе биде положена во гроб покрај Слободан Милошевиќ

Урната со посмртните останки на Мирјана Марковиќ ќе биде положена в сабота во 15 часот во Пожаревац, покрај нејзиниот сопруг Слободан Милошевиќ, поранешен претседател на Србија и на Сојузна Република Југославија.

Нивниот син Марко Милошевиќ ја потврди оваа информација за телевизијата БК, наведувајќи дека ќе ја исполни последната желба на Мирјана Марковиќ „да почива под липата до нејзиниот сопруг”.

Мирјана Марковиќ почина вчера на возраст од 77 години во болница во Русија.

Таа ја напушти Србија во 2003 година и доби политички азил во Русија во 2006 година, бидејќи српските судски власти распишаа потерница по неа поради злоупотреба при распределбата на државните станови во 2000 година.

Треба да знаете
Последни објави